петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

СЛУЧАЈ КОЈ ГО ПОТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Се вработила како келнерка, а веќе вториот ден на работа следел вистински хорор

Газдата ја натерал да оди со него во стан, каде следел пекол.
СЛУЧАЈ КОЈ ГО ПОТРЕСЕ РЕГИОНОТ: Се вработила како келнерка, а веќе вториот ден на работа следел вистински хорор

Загрепскиот угостител Р.С. ќе помине шест години во затвор поради силување на девојка од Шишак, која ја вработил како келнерка во својот локал, а потоа ја однел во својот стан.

Младата девојка имала несреќа што веќе вториот келнерството во новата околина и се смачило. Било во средината на јануари минатата година, кога како што таа тврди тој прво почнал да и заканува поради наводен долг од 300 куни, кој тој и ги позајмил.

Гледајќи дека не оди на добро таа решила да го напушти локалот, но тој тогаш и рекол:

-Можеш да отидел само во Брза помош откако ќе те скршам.

Пред крајот на работното време како што им раскажала таа на обвинителите, ја натерал да оди со него во стан. Повикал такси и притоа предупредил дека е спремен да убие и да оди во затвор 40 години, ако каже некому нешто.

По доаѓањето во станот сопственикот ја однел во спалната соба, ја силувал, па и се заканил дека ќе ја фрли низ прозор ако се спротиставува. Тортурата продолжила и наредниот ден во локалот, од каде во еден момент успеала преку мобилниот да влезе на Фејсбук и да им прати на пријателите порака.

-Те молам, дојди и помогни ми.

Нејзините пријатели веднаш се кренале на нозе, во потрага по пријателката, му се јавиле на угостителот, но тој им рекол дека таа не оди никаде додека не го плати долгот и дека ќе дојде кај нив во нивниот град и ќе ги заколи. Слушајќи го тоа, ја алармирале полицијата , која многу брзо се појавила во локалот.

Инаку, станува збор за маж кој во периодот од 2002 до 2012 година е осуден вкупно седум пати, од што два пати за исти злосторства, два за силување и два за одземање на слободата, што му е отежителна околност при изрекувањето на казната.