Пешачењето е секојдневна активност чие благотворно дејство повеќе од нас не го користат максимално. Имено, пешачењето може да биде единствена физичка активност неопходна за слабеење, со контролиран внес на калории во текот на денот.
Пешачењето е достапен и едноставен начин да изгубите килограми, особено ако вашиот стил на живот е врзан за автомобил или канцеларија, вели личниот тренер Хана Дејвис од Тенеси. Освен што помага во согорување на калориите, пешачењето е одличен начин за намалување на стресот, а со помалку стрес полесно се слабее.
За полесно слабеење, еве неколку совети:
1. Направете 15.000 чекори дневно
„Се сметаат сите чекори од станувањето од кревет. Не грижете се ако од првиот ден не успеете да направите толку чекори. Важно е да почнете“, вели Дејвис.
2. Пешачете три пати дневно по 20 минути
Истражување на Универзитетот Џорџ Вашингтон покажа дека луѓето кои пешачеле 15 минути по секој оброк имаат подобра рамнотежа на шеќерот во крвта од оние кои пешачеле по 45 минути во кој било период од денот.
3. Искачувајте угорници три пати неделно
4. Правете едноминутни интервали на брзо одење
5. Додека пешачите, вежбајте
6. Ограничете го дневниот внес на калории
7. Одете по подолгиот пат
Паркирајте подалеку од работното место, одете по скали наместо со лифт и слично.