петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Останати спортови

За уште побрзо слабеење: Најдоброто место за шетање кое согорува повеќе калории

За уште побрзо слабеење: Најдоброто место за шетање кое согорува повеќе калории

Одење на рамна поплочена површина е добар начин да останете фит, особено ако правите 7.000 чекори или повеќе секој ден. Но, ако сакате да го засилите согорувањето на калориите и да се предизвикате себеси, размислете за промена на теренот по кој одите.

Ако имате можност да се искачите на рид, или целосно да го заобиколите, изберете ја првата опција. Качувањето согорува повеќе калории отколку одење на рамно тло, вели американскиот лекар и тренер Мајк Бол.

Не е исто ни на каков терен се движите. Одење по песок, на пример, бара дополнителен труд и согорува повеќе калории отколку одење по бетонски пат, истакнува истиот доктор.

Ако во близина немате игралиште за одбојка на песок или плажа, не грижете се. Одлични резултати ќе постигнете и ако пешачите по ридски или планински патеки. Кога се обидувате да ги стабилизирате нозете на нерамна земја, трошите повеќе енергија и калории.

Не заборавајте само да ги носите вистинските чевли – секогаш внимавајте да одите во чевли што ги чуваат вашите стапала безбедни и стабилни.

Што е најдобро за зглобовите?

Доколку имате здравствени проблеми, одберете го теренот кој е најнежниот за вашите зглобови и нозе. Најлесно е да се оди низ вода. Пријавете се за аеробик во вода и уживајте во лесни вежби кои прават чуда за целото тело, но не вршат голем притисок врз зглобовите.

Одење на лента за трчање, која може да се најде во повеќето теретани, а која некои ја имаат и дома, исто така понежно делува на зглобовите. Нема да погрешите ако одберете да пешачите по атлетската патека.

Тревните површини се помеки и подобри од камените патеки, додека песокот е крајно нестабилен и непријатен за одење. Најголем притисок врз зглобовите доаѓа од одење по бетон.

Размислете која е најдобрата опција за вас во зависност од вашата здравствена ситуација и доколку е потребно, консултирајте се со експерт пред да започнете со посериозен тренинг.