сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Таа има 24 години, а нејзиниот сопруг 85: Тврдат дека ОВА е љубов, а за нејзината свадба имала дрзок услов до родителите

Таа има 24 години, а нејзиниот сопруг 85: Тврдат дека ОВА е љубов, а за нејзината свадба имала дрзок услов до родителите

Паровите со голема разлика во години речиси секогаш предизвикуваат големо внимание во јавноста, а истото се случи и со Мирејкл (24) и нејзиниот 85-годишен сопруг Чарлс.

Тие двајца се запознале пред три години кога Чарлс дошол да работи кај неа, па брзо побарал нејзин телефонски број. Набрзо се заљубиле.

-Тој беше мојот витез во блескав оклоп. Поради него почнав да се чувствувам добро, вели оваа девојка.

Како што вели, кога дознала за неговите години веќе било доцна, бидејќи била премногу заљубена во него.

-При еден разговор ми кажа дека е роден 1937 година. Тогаш веќе бев заљубена, па не ми беше гајле дали има 100 години, истакнува таа.

Мирејкл вели дека мислела дека Чарлс има 60 години бидејќи е многу млад и активен.

-Знам дека ќе живеам подолго од него, па се трудам секој ден да му го направам совршен, вели таа.

Открива дека нејзиното семејство не било воодушевено што таа се омажила за Чарлс, но им кажала дека засекогаш ќе ја изгубат доколку не дојдат на свадбата.

-Им требаше многу време да се навикнат на нашата љубов, но знаат дека никогаш повеќе немаше да ме видат да не дојдеа на свадба, нагласува таа.

И покрај разликата во години, двајцата сакаат да имаат две деца преку вештачко оплодување.

-Неодамна се венчавме, сега на ред се децата. Чарлс сака да остави зад себе уште една генерација, а јас сакам деца, вели таа.

Чарлс вели дека денот кога се оженил со неа бил најдобриот ден во неговиот живот.

-Таа е прекрасна. Многу сме среќни заедно и до нас не допираат негативните коментари кои луѓето ни ги испраќаат, заклучил Чарлс, а пренесува TheSun.