четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Тајниот живот на ловците на мафијата: Ги нарекуваат луѓе без лица и имиња, а еве како ја чистат Сицилија (ВИДЕО)

Единствена ситуација кога ќе видите припадник на „Катуранди“ е кога апсат некој криминалец. Тоа се луѓе „без име и без лице“, кога спроведуваат операции носат маски за да не можат да ги идентификуваат.
Тајниот живот на ловците на мафијата: Ги нарекуваат луѓе без лица и имиња, а еве како ја чистат Сицилија (ВИДЕО)

Мафијата со генерации е дел од животот на Сицилија, но една тајна група се обидува да ја запре. На Сицилија сите знаат за Катуранди, посебен полициски одред, чија единствена задача е да ги лови членовите на мафијата. Но никој не знае кои се дел од тој одред.

Елитната единица која ги лови е наречена „катуранди“, што би значело „ловци“, кажа еден од припадниците на оваа единица и пружи увид во таинствениот свет во кој работи и како ја скрил својата работа од својата девојка додека таа не го препознала неговиот задник на телевизија.

Единствена ситуација кога ќе видите припадник на „Катуранди“ е кога апсат некој криминалец. Тоа се луѓе „без име и без лице“, кога спроведуваат операции носат маски за да не можат да ги идентификуваат.

-Повеќе сакаме да не нарекуваат „група лавови“, затоа што сме баш такви: диви, слободни и спремни за напад во било кој момент во оваа џунгла, вели припадник на оваа единица кој се претстави како ИМД.

-Некогаш добивавме закани од лошите момци, козји глави ни доаѓаа на домашните адреси, тоа баш и не е пријатно, вели тој.

Во текот на 90-тите добил фотографија со регистарските ознаки на својот автомобил, означена со црвен крст. Одредени колеги поради закани ја напуштиле единицата, но не и тој, а со текот на годините ризикот по неговиот живот се намалувал. Често се случува тој и неговите колеги да развијат чудно интимен однос со криминалците кои ги следат. Се случува да ги следат и прислушуваат децении пред да ги уапсат.

-Тоа е како да живеете со тие луѓе. Ги слушате додека водат љубов, ги слушате нивните семејни разговори, гледате како децата им растат и нивните емоции стануваат ваши, вели тој.

Една недела после апсењето може да бидат депресивни.

-Веќе не ги гледате, со тоа е тешко психички да се носиш, а бидејќи биле дел од вашиот живот почнуваат да ви фалат.

Во текот на две децении во полиција, ИМД помогнал во апсењето на скоро 300 криминалци, вклучувајќи го и Џовани Бруска, озлогласен поради киднапирање и мачење на 11 годишниот син на друг криминалец кој го предал. Бруска дал налог детето да се убие, а телото да се раствори во киселина поради што семејството не можело да го погреба детето.

Во моментот на апсењето кога „Катуранди“ влегуваат во куќата на некој криминалец, ИМД вели дека чувствата се помешани. „Сакате да им поставите многу прашања: Зошто убиваш? Зошто тоа го правиш на друго човечко битие?“ Меѓутоа можностите за разговор се ограничено и секоја размена е прилично незадоволителна.

-Кога го фативме Бруска, познат како Свиња, почна да плаче. Бернарно Провенкано, бос над сите босови, остана тивок и ми шепна, „не знаете што правите“. Меѓутоа, ги фативме и тоа е најважно, вели тој.

Бруска бил клучен играч во злосторството кој го инспирирал ИМД да се придружи на полицијата. Мафијата на 23 мај 1992 година поставила половина тон експлозив под патот кон меѓународниот аеродром во Палермо и го уби обвинителот кој се бореше против мафијата Џовани Фалконе, Бруска подоцна е идентификуван како човекот кој го стиснал копчето и ја активирал бомбата.

-Бев на забавата на мојата девојка за нејзиниот 18 роденден, вели ИМД, кој во тоа време бил студент по биологија.

-Нејзиниот татко беше шеф на специјалниот тим за вонредни ситуации во полицијата во Палермо, а кога бомбата експлодирала, а кога бомбата експлодирала, пејџерите на сите полицајци кои беа на забавата почнаа да пиштат во исто време и сите заминаа во солзи, се присетува тој.

ИМД веднаш сакал да открие што се случило, но кога сфатил дека е патот кон аеродромот е затворен, тој одлучил со мотор да отиде до центарот на Палермо, да види како луѓето реагираат.

-Баш таму, се присетува ИМД, покажувајќи кон малиот плоштад, „видов група момци како се смеат и навиваат додека јадат панини. Отидов до кај нив и им дека обвинителот Фалконе е убиен. Ме погледнаа и кажа што нив ги интересирало тоа.“, вели ИМД.

-Знаев што сакам да направам. Следниот ден се придружив во полицијата како би фатил што е можно повеќе лоши момци, изјави тој.

Во тој период мал број на Сицијанци сакаа да се придружат на оваа единица, дел поради тоа што е опасна работа, па поради тоа ИМД веднаш бил примен.

-Повеќето од луѓето кои ги познавате би престанале да разговаар со вас или би ве плукнале во лице поради тоа што сте полицаец, затоа што тоа го сметаме за најголемо предавство, вели тој.

Се откажал од студиите додека неговите стари пријатели од факултет бркале девојки во ноќните клубови, како што вели тиј. ИМД го следел Џовани Бруска и други мафијашки босови како Салваторе Тото Рина, кој го наредил убиството на Фалконе.

Додека го следеле Бруска, ИМД и еден негов колега завршиле во Чиниш, мал град во близината на Палермо.

-Беше тука една група девојки и ние им пријдовме. Замислата беше да се запознаеме со луѓето од Чиниш, за да не бидеме сомнителни. Се разбира успеа… фативме криминалец, но јас потоа морав да ја оженам девојката, раскажува тој низ насмевка.

Нивните состаноци биле необични. Девојката несвесна за она што се случува послужила како дел од неговиот лажен идентитет.

-Наместо да ја водам девојката, сега моја сопруга на убави плажи и да ја бакнувам под ѕвезденото небо, ја водев на ужасни места, слепи улици полни со ѓубре, само затоа што ја следев љубовницата на еден бегалец. Би почнале да се гушкаме и таа би ме прашала: Зошто баш овде од сите други места?, вели тој.

Откако би ја оставил дома, би отишол во канцеларија и поднесував извештај. На саканите им кажувал дека работи во служба за издавање пасоши. Кога ИМД и неговите колеги го фатиле Бруска, „сите биле пред телевизорите и го снимале апсењето“, раскажува тој.

Кога мојата сопруга (тогаш девојка) ги видела мажите со маски, забележала познат задник и ме повика. Не можев повеќе да ја кријам вистината. И кажав „немој ништо да и кажуваш на својата баба затоа што цел свет ќе дознае“. За среќа умееше да ја чува тајната.

Најбараниот италијански криминалец денеска е Матео Месина Денаро, познато како Дијаболик, надимак кој го земал поради крадец кој не можеле да го фатат од еден стрип. Босот на сицилијанската мафија е во бегство од 1993 година, а полицијата верува дека живее во странство, веројатно во Јужна Америка.

Тој еднаш се фалел дека може цели гробишта да ги наполни со своите жртви, а минатата година е објавено дека комуницира со други криминалци користејќи шифриран јазик кој се однесувал на овци. Пораките кои се разменувале гласеле „на овците им е потребно шишање“ и „ножиците треба да се наострат“. Единаесет мажи се уапсени на Сицилија, ИМД бил таму, но Денаро сепак останал на слобода.

Иако сицилијанската мафија не е моќна како пред 20 години, таа и понатаму претставува проблем на островот.

-Знаат дека веќе не можат да убиваат како порано, поради тоа сега целиот систем е заснован на мрежа интереси кои ја опфаќаат политиката, финансиите и внесена е во самата структура на сицилијанското друштво, раскажува ИМД.

За поедини, посебно тинејџери и туристи, мафијата и понатаму има романтична аура. На уличните штандови во Палермо се рекламираат маици со мотиви од „Кум“, запалки во облик на пиштол и статуа на маж со мустаќи и пушки.

Еден од тие штандови се наоѓа недалеку од Виа Дамелио, слепи улици во станбениот кварт, во кој на 19 јули 1992 година во мафијашки бомбашки напад е убиен уште еден обвинител, Паоло Борсели. Тој бил познат како добриот човек од Палермо, поради неговата борба против организираниот криминал.

-Овде улиците се парадокс, исто како и овој град, вели ИМД.

-Би сакале да бидеме цивилизирани како остатокот од светот, но никогаш не се откажуваме од овие перверзни фасцинации за криминалното подземје.

Еден од луѓето кои „Катуранди“ го прислушувале и следеле бил и лекар во Палермо, кој сега е во затвор.

-Беше навистина образован човек, сите научивме италијански и книжевност слушајќи го. Правевме белешки, земавме книги кои би ги споменувал во бескрајните предавања на своите деца. Беше тоа како да слушаме радио програми и сите бевме фасцинирани со неговите манири, начинот на размислување и креативноста. Било тешко да се поверува дека е криминалец, вели ИМБ.