среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Технолошко чудо или обична измама? Велосипед со коцкести тркала стана вирален хит (ВИДЕО)

Технолошко чудо или обична измама? Велосипед со коцкести тркала стана вирален хит (ВИДЕО)

Од велосипед со чевли наместо тркала до електричен велосипед со кој можете да возите по вода – инженерите низ годините измислија цела низа чудни велосипеди, но најновиот изум е можеби најбизарниот досега.

Експертите од компанијата „The Q“ развија велосипед со коцкести тркала, а иако звучи неверојатно, тој е целосно функционален, пишува „Daily Mail“.

„Запознајте го овој речиси нормален велосипед, но со една модификација – коцкести тркала“, напишале во описот на Јутјуб видеото во кое е прикажан изумот.

„Овој концепт е целосно функционален и можете да возите и да вртите со него“.

На снимката се гледа како тимот ги изработува рамките за тркалата заварувајќи метални шипки во форма на квадрат. Потоа додаваат потпорни жици, иако тие служат само поради естетика.

Тоа е затоа што надворешниот дел од тркалата е опремен со „гасеница“ со помош на која велосипедот се движи додека возачот ги врти педалите.

„Креирањето и инсталирањето на коцкести тркала беше еден од најлудите проекти кои некогаш сме ги направиле“, велат дизајнерите на ова чудо.

Видеото привлече големо внимание на интернет, а истото има 5,8 милиони прегледи. Не е познато колку чинела изработката на ваков велосипед ниту дали некогаш ќе се најде во продажба.