петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Се судрија мотоцикл и велосипед, тешко повреден мотоциклистот

Се судрија мотоцикл и велосипед, тешко повреден мотоциклистот
илустрација

На 14.10.2023 околу 17.30 часот во СВР Куманово било пријавено дека во с.Доброшане, кумановско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од К.С.(20) од Куманово и велосипед управуван од малолетник од Куманово.

Во несреќата, мотоциклистот К.С. се здобил со тешки телесни повреди, додека малолетникот се здобил со телесни повреди, констатирани во Ургентен центар во Куманово. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Куманово.