петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Хроника

Со возило сакал да удри маж кој возел мотоцикл, ќе одговара за предизвикување општа опасност

Со возило сакал да удри маж кој возел мотоцикл, ќе одговара за предизвикување општа опасност

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Струга поднесе кривична пријава против Б.Д.(42) од Струга поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

На 07.10.2023 на улица „Јабланичка“, по претходна расправија, пријавениот со патничко возило се обидел да го удри В.Т.(37) од Струга, кој управувал мотоцикл.