вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Тој ги има најскапите таблички на светот: Чинат 17 милиони евра, а сега реши да ги продаде (ФОТО)

Некои медиуми наведуваат дека пред четири години одбил понуда од скоро седум милиони евра, но затоа сега ги ставил на продажба и бара дури 14 милиони, но кога ќе се додадат даноците, конечната цена на табличките ќе достигне скоро 17 милиони евра.
Тој ги има најскапите таблички на светот: Чинат 17 милиони евра, а сега реши да ги продаде (ФОТО)

Сопственикот на компанијата „Кан Дизајн“, Афзал Кан, неодамна одлучи да ги продаде уникатните регистарски таблички и тоа за неверојатни 17 милиони евра.

Пред 10 години, Кан табличките со ознака „Ф1“, ја откупи од окружниот Совет Есекс, која во нивна сопственост беше 104 години, а за тоа задоволство тогаш издвои 430.000 евра.

Се верува дека ова засега е најскапа табличка на светот, а според она што се случува сега, Кан направи и повеќе од добар деловен потег кога ја купил.

Иако тогаш сите му се смееја, затоа што мислеа дека дава премногу пари, кога ќе ја продаде сепак тој последен ќе се смее.

Некои медиуми наведуваат дека пред четири години одбил понуда од скоро седум милиони евра, но затоа сега ги ставил на продажба и бара дури 14 милиони, но кога ќе се додадат даноците, конечната цена на табличките ќе достигне скоро 17 милиони евра.

Табличката е наводно најбарана на светот, а се тоа поради Формула 1.

Погледнете го видеото: