Искусните готвачи советуваат да го покриете месото со кришки киви и да го оставите да одмори малку пред подготовката.
Подгответе го месото така што ќе биде и сочно и меко во исто време. Трикот за совршен ручек мора да го запише секој готвач.
Доколку сакате месото што сте го подготвиле да се топи во устата, обидете се со едноставен трик со киви, благодарение на кој месото ќе биде исклучително сочно и меко.
Се што треба да направите е да го покриете со кришки киви и да го оставите да одмори малку пред подготовката, пишува „Stvarukusa.rs„.
Имено, кивито содржи протеолитички ензими кои помагаат во разградувањето на сврзното ткиво во месото, поради што станува многу меко.
Ако го ставате месото во маринадата, направете сè како што сте планирале, а на крајот додадете исечении киви околу час или два пред подготовката. Исто така, важно е вашето месо да не стои премногу долго со кивите, за да не стане премногу меко и да не се распадне при подготовката.
Сличен ефект има и ананасот, па наместо киви можете да го користите и ова тропско овошје.