четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Храна и пијалаци

Месо се француски начин, се крчка половина час во сос од зеленчук

Месо се француски начин, се крчка половина час во сос од зеленчук

Ова е одличен предлог за ручек, а доволно е да го послужите само со парче леб и салата.

Состојки:

500 гр свински бут
1 главица кромид
3 чешниња лук
1 црвена пиперка
1 конзерва грав
1 конзерва пелат
1 лажичка црвен пипер
1 чаша пилешка супа
бибер по желба
масло за пржење

Подготовка:

Месото се сече на коцки, па се пржи во тава. Додадете сечкан лук и кромид, пиперките исечкани на ситни коцки, како и процедениот грав. Малку се пропржува, па се додава пелатот, сол и бибер. Додадете ја супата и добро измешајте, па варете додека месото не омекне, околу половина час.