недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Трик за чистење подови со џогер

Трик за чистење подови со џогер

Корисничка на TikTok објави интересен трик што треба да почнете да го користите кога ги бришете подовите. Нејзиното видео набрзо стана вирално и собра над 10 милиони прегледи.

Имено, таа додаде мала кофа со чиста вода во кофата со дел за стискање на џогерот, за да може секој пат да го потопува џогерот во чиста вода, а валканата да оди во големата кофа.

Реакциите на луѓето во коментарите се поделени. На едни ова им се допаѓа, а други тврдат дека овој трик е сосема непотребен.

@tanyahomeinspo This hack right here is a game changer #tanyahomeinspo #cleaninghacks #homehacks #cleantokuk #cleantok #mopping #cleaningtips #cleaningtiktok ♬ Dami Duro – Davido

„Во ова видео го бришеш подот и прво го потопувате џогерот во чистата вода, а потоа го исцедуваш, што нема смисла“, беше само еден од коментарите.

Други коментираат дека трикот не е сосема совршен, туку дека водата ќе биде почиста отколку што инаку би била.

Некој дури предложи да се користи трета кофа.

„Јас го правам истото, но користам три кофи. Нема смисла да потопите валкана крпа во чиста вода. Мојата трета кофа е само вода за да можам претходно да ја исплакнам крпата“, вели оваа корисничка.