среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Заборавен трик од нашите баби: Чајот од нане ќе ви ја направи косата бујна и сјајна

Заборавен трик од нашите баби: Чајот од нане ќе ви ја направи косата бујна и сјајна

Сите ние пиеме чај од нане кога се разболуваме или настинуваме, но дали знаевте дека можете да го користите и за здравјето на вашата коса? Нането уште од античко време е познато како многу корисен лек за целокупното здравје, а нашите баби некогаш го користеле за плакнење на косата.

Постојат неколку причини зошто треба да ја миете косата со чај од нане барем неколку пати месечно.

1. Го намалува првутот

Чајот има силно антиинфламаторно дејство, делува така што го смирува скалпот и спречува негова иритација и воспаление. Според научниците, ова е корисно не само за спречување на првут, туку и за ублажување на симптомите на псоријаза. Исто така, антисептичките состојки во чајот ги отстрануваат мртвите клетки на кожата и нечистотиите кои можат да ги блокираат фоликулите на косата, спречувајќи ги да се затнат и дозволуваат косата да расте.

2. Спречува брзо побелување на косата

Соединенијата кои се наоѓаат во чајот можат да ги балансираат нивоата на pH на скалпот, нормализирајќи го производството на масло. Ова е корисно за луѓето со мрсна коса, како и за оние со малку посува коса: за првата категорија, чајот делува адстрингентно, го регулира производството на себум и спречува акумулација на вишок себум на скалпот, додека за втората категорија на луѓе, чајот делува така што ја храни и хидрира косата, ја неутрализира сувоста и го спречува првутот.

3. Дава свежина на косата и убав мирис

Без разлика дали ви се допаѓа вкусот на нане, мора да признаете дека мириса многу убаво. Ако ја исплакнете косата со чај од нане, таа ќе мириса свежо и чисто.

Како да користите чај од нане за плакнење на косата?

Користете две до четири кесички чај од нане, или 2 лажици суви листови од нане. Сварете две шолји вода, па прелијте го нането. Оставете да отстои околу половина час за да стане појак. Измијте ја косата со шампон, исплакнете го шампонот, а потоа нанесете чај од нане на косата. Можете да го прелиете или да го истурите чајот во шише со распрскувач и да испрскате. Втријте го чајот во косата со прстите – не треба да го плакнете потоа. Исушете нежно со крпа, а потоа со фен.