четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Тужба против принцот Хари, се бара и да го уапсат: Во морето на бизарни приказни, ова е нешто неверојатно – и ветил дека ќе ја ожени?!

Тужба против принцот Хари, се бара и да го уапсат: Во морето на бизарни приказни, ова е нешто неверојатно – и ветил дека ќе ја ожени?!

Адвокатката Палвиндер Каур поднесе тужба против принцот Хари во Високиот суд во Индија во Харијана затоа што тој и ветил на социјалните мрежи дека ќе се ожени со неа, а таа исто така побарала и негово апсење.

На повеќето им е јасно дека лажни профили можат да се креираат на социјалните мрежи, но тоа сè уште не го сфатила индиската адвокатка Палвиндер Каур.

Имено, таа го тужела принцот Хари и побарала од Високиот суд во Харајана да го уапси бидејќи тој преку социјалната мрежа и ветил дека ќе се ожени со неа, а потоа тој го прекршил ветувањето. Палвиндер тврди дека таа се допишувала некое време и дека тој сакал да се венчаат.

Адвокатката побарала да биде распишана меѓународна потерница за Хари за да не го одложува ветувањето. Таа исто така побарала да му се напише на неговиот татко, принцот Чарлс дека се вериле и дека тој не се оженил со неа, иако тој рекол дека ќе го стори тоа.

Судот го отфрлил сето тоа, со образложение дека таа не докажала дека разговарала со вистинскиот принц и ја предупредиле Каур за опасностите од погрешно претставување и изневерување луѓе на социјалните мрежи.

Адвокатката пред судот изјавила дека никогаш не била во Велика Британија и дека не го запознала Хари во живо.