Уникатна куќарка со една спална соба, во Мејн (САД), обично, ја нарекуваат „најосамената куќа на светот“, а сега се продава за 339.000 долари.
Со завидна глетка на Атлантскиот Океан, имотот сепак нема бања, но ниту соседи. Куќата се наоѓа на само неколку метри од брегот – од сите страни, што на потенцијалните купувачи им овозможува поглед на природата од 360 степени. Иако мала, оваа убаво украсена дрвена куќа е идеална за оние кои сакаат да живеат едноставен начин на живот.
Во огласот се наведува: „Нема подобро место за викенд во светот. Приморјето околу островот е полно фоки, кои се постојана забава“.
Изолираниот имот е изграден 2009 година и се наоѓа во Округот Вашингтон, а со неа купувачот го добива и пустиот остров на којшто таа се наоѓа. Инаку, и покрај малата површина од 300 квадратни метри, островот има и мала плажа за сончање.(МИА)