петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Малата Зои (10) и мајка и’ го преживеја масакрот во Мејн: „Се исплашивме, а потоа сфатив дека крварам, се загрижив дали ќе преживеам“

Малата Зои (10) и мајка и’ го преживеја масакрот во Мејн: „Се исплашивме, а потоа сфатив дека крварам, се загрижив дали ќе преживеам“

10-годишно девојче ја опиша најлошата ноќ во својот живот откако беше цел на вооружен маж од Мејн кој уби 18 луѓе во страшен масакр.

Меган Хачинсон и нејзината ќерка Зои (10) уживале во куглана во Левистон кога вооружен маж отворил оган околу 19 часот, додека се одржувала детска лига во куглање.

Полицијата објави фотографии од мажот осомничен за убиствата, инструкторот за огнено оружје Роберт Кард (40) обучен за војска, кој и понатаму е во бегство. Стотици полицајци моментално трагаат по него во државата Мејн.

Полицијата во Левистон во објава на Фејсбук потврди дека Кард го планирал пукањето и рече дека треба да се смета за вооружен и опасен. По кугланата, напаѓачот отишол во ресторан оддалечен околу 6,5 километри и продолжил да убива.

Меган рече дека нејзината ќерка Зои била погодена.

-Таа беше за среќа само изгорена од куршум додека трчавме“, изјави таа за ABC. „Бевме во собата одзади. Дојде уште едно дете… обилно крвареше. Така се забарикадиравме внатре. Во собата со мене беа и други родители. Една жена имаше телефон и се јавила на 911“, вели преплашената мајка.

Малата Зои изјавила дека никогаш не помислила дека ќе ја застрелаат во ногата.

-Само се прашувам зошто? Зошто луѓето го прават ова? Не знам што да кажам. Луѓето имаат семејства, има и млади луѓе кои го имаат животот пред себе. Ова не треба да се случува. Тоа не е во ред, вели десетгодишното девојче.