Едно видео споделено на ТикТок прикажува урнебесна прва средба на мачка со лента за трчање и нејзиниот обид да оди по неа.
Едногодишната мачка од Арканзас насмеа бројни корисници на социјалните мрежи поради својот несмасен обид да оди на лентата за трчање.
Имено, мачката за првпат се среќава со „концептот“ на оваа справа, а резултатот од оваа средба е комично видео од животното додека се обидува да сфати како работи.
@abc7la A one-year-old cat in Arkansas is yet to fully grasp how a treadmill works. 🤣🐈 #abc7la #abc7eyewitness #news #animalsoftiktok #animals #catsoftiktok #cats #treadmill #arkansas ♬ original sound – ABC7LA
„Едногодишна мачка од Арканзас допрва треба да сфати како функционира лентата за трчање“, се наведува во описот на снимката.
Мачката може да се види како се качува и оди по лентата, а откако седнува и лентата ја враќа на подот, збунето ја погледнува сопственичката. Истото го повторила неколку пати при што секој пат завршувала на подот со збунет поглед.
„Мачкина логика – ако легнам тука тогаш мора да застане“, „Колку подолго го гледате, толку посмешно станува“, „Го имам истиот проблем“, гласат дел од реакциите на видеото кое е погледнато над 3 милиони пати.