Старицата (90) од Аргентина освои џекпот од 172 милиони долари во игра на среќа, а нејзиното семејство го забележа моментот кога и рекле дека станала милионерка.
Нејзината прва реакција била недоверба, па ги „обвинила“ своите внуци дека лажат.
Но, кога сфатила дека се сериозни, извика: „Ќе имаме пари“.
Името на победникот не бил соопштен, а подоцна била објавена веста дека добитната карта е платена во аргентинскиот град Генерал Кампос, кој има 3.000 жители.