вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Ванилата поскапа од среброто

Ванилата поскапа од среброто

Цените на ванилата во изминатите две години се зголемија, по што овој сладок зачин моментно чини повеќе од среброто.

За еден килограм ванила потребни се околу 600 американски долари, што е повеќе отколку за еден килограм сребро.

Повеќе од 75 отсто од ванилата се одгледува на тропскиот остров Мадагаскар.

– Главна причина за високата цена е циклонот кој минатиот март го погоди Мадагаскар и уништи голем број плантажи. И покрај надежите дека растот на цената ќе стагнира, таа и понатаму е на високо ниво бидејќи побарувачката е многу голема, изјави Џулијан Гале, аналитичар на пазарот на суровини во компанијата IEG Vu.

Станува збор за зачин кој се одгледува многу тешко, и поради тоа ванилата е најскапа состојка во светот, веднаш по шафранот.