недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ВИДЕО: Австралиец и неговото куче преживеале три месеци лутајќи во Тихиот Океан, откриено како

ВИДЕО: Австралиец и неговото куче преживеале три месеци лутајќи во Тихиот Океан, откриено како

Австралискиот морнар Тим Шедок, придружуван од неговото куче Бела, заминал на патување со брод од Ла Паз, Мексико до Француска Полинезија. Но, силната бура го оштетила пловилото, па човекот и неговото куче ги поминале следните три месеци беспомошно лебдејќи во Тихиот Океан.

Своето патување го започнале во април, а биле спасени дури оваа недела, кога биле забележани од хеликоптер кој ја надлетувал областа. Лекарите биле изненадени кога откриле дека, по неколку месеци на море, и Шедок и неговата Бела се во добра здравствена состојба.

Насмеани и добро расположени

Морнарот им објаснил на лекарите дека и двајцата преживеале благодарение на рибата што ја уловил и дождовницата.

„Поминав низ многу тежок период на отворено море. Сега ми треба само одмор и добра храна, сепак долго време бев сам. Инаку, јас сум во многу добра здравствена состојба“, вели тој на снимката до која дојде австралиски 9News.

На видеата се гледа дека носи апарат за мерење крвен притисок и дека е видно послаб од претходно. Но, тој беше насмеан и расположен.

Освен што успеал да дојде до храна и пијалок, Шадок и Бела преживеале затоа што знаеле дека не смеат да дехидрираат; познато е дека тоа е опасно на отворено море. Освен што пиеле дождовница, се грижеле и да се држат настрана од силното сонце и топлина за да не се потат.

Освен тоа, морнарот имал среќа што времето било поволно, па бродот можел слободно да плови во морето додека не го пронајдат.