среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ВИДЕО: Благодарение на оваа мачка политичко интервју се претвори во вистинска забава

ВИДЕО: Благодарение на оваа мачка политичко интервју се претвори во вистинска забава

Токму поради една мачка ова интервју стана едно од најзабавните кои некогаш сме ги виделе.

Полскиот професор Џерџи Таргаслк во видео интервју говореше за загрижувачката политичка ситуација во земјата, додека неговата мачка се појави во просторијата.

Тој со сериозен тон одговараше на прашањата, а во следниот момент, мачката Лисио се упати кон сопственикот и се качи на неговото рамо.

Џерџи го игнорираше нејзиниот скок, па го продолжи интервјуто во истиот дух, додека мачката подолго време се обидуваше да си игра и да се гали со него.

Новинарот Руди Бума, кој го правеше интервјуто, потоа на својот Твитер профил го објави ова забавно видео, а тоа набрзо почна да се шири на социјалните мрежи.