четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ВИДЕО: Клекна пред неа, па доби шлаканица од девојката пред полни трибини

И рекол на својата партнерка дека ја сака, ја бакнал, а потоа клекнал пред неа
ВИДЕО: Клекна пред неа, па доби шлаканица од девојката пред полни трибини

Работите се сменија во секунда. Погледнете го изразот на лицата на луѓето на трибините, сите се шокирани, се вели во описот на видеото снимено на почетокот на октомври годинава, кое корисниците на социјалните мрежи масовно го споделуваат деновиве бидејќи, според нив, „мора да биде најлошиот обид за предлог за брак оваа година“…

Сè се случило на натпреварот во МЛБ помеѓу Торонто Блу ​​Џејс и Бостон Ред Сокс.

Момчето имало подготвена кутија со прстен, а сите во публиката нетрпечиво очекувале „среќен крај“ кога виделе што се случува. Но, кога девојката видела дека ја запросува со лижавче во форма на прстен, не била задоволна.

Бесно му удрила шлаканица, а потоа го истурила пијалокот врз него, а публиката останала во шок.

За својата реакција, таа добила поддршка и на социјалните мрежи.

– Момци, научете од ова момче како не треба,  е еден од најпопуларните коментари на видеото кое собра стотици илјади прегледи.

Некои сметаат дека тоа било само увертира, тврдат дека во џебот имал вистински веренички прстен и дека тоа требало да се случи, додека некои се убедени дека целата ситуација била наместена.