сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ВИДЕО: Куче кое мрази снег смисли генијален начин за што помалку да го допира

ВИДЕО: Куче кое мрази снег смисли генијален начин за што помалку да го допира

И додека повеќето кучиња со нетрпение ја очекуваат зимата и снегот, италијанскиот пес по име Нино воопшто не е воодушевен од студеното бело „ќебе“.

Неговите сопственици објавија видео на кое се гледа како Нино неволно стапнува на снегот, а потоа веднаш оди на предните нозе, додека ги крева задните високо во воздух за да го минимизира контактот со снегот.

„Ова е генијално. Има неверојатна контрола на телото“, „Едноставно го сакам“, „Каков уметник“, „Тој е толку смешен“ се само дел од реакциите на следбениците кои добро се насмеаа од ова видео, па сопствениците објавија уште еден каде Нино шета по снегот.