Колин стана вистинки хит на Интернет откако е снимен како во еден супермаркет ја пее „Who’s loving you“.
Оние кои го погледнаа видеото имаат само пофални зборови за малиот Колин, а останаа во неверување кога дознаа дека детето има аутизам.
Неговата мајка вели дека Колин обожува да пее и најмногу сака да настапува „пред публика“.
-Ова видео требаше да го види само неговиот татко, вели мајката на Колин за британските медиуми која додава дека сестрата на момчето го објавила на социјалните мрежи.
Поради ова видео Колин добил понуда од еден музички продуцент кој би ми помогнал да сними песна, а средствата од продажбата да бидат наменети за здружение кое работи со аутистични лица.