четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Вести

Седумнаесет годишник со аутизам бил врзуван во психијатриската болница во Демир Хисар и има рани, обвинува мајката

Седумнаесет годишник со аутизам бил врзуван во психијатриската болница во Демир Хисар и има рани, обвинува мајката

Салка Абдуловска, мајка на 17-годишно момче со аутузам, се жали дека нејзиниот син бил врзуван во Психијатриската болница во Демир Хисар и дека од тоа има рани на рацете и нозете. Таа низ солзи кажува дека пред еден месец, поради агресивното однесување на момчето побарале помош од здравствената установа да го опсервираат, а кога вечера го зеле дома имал рани по телото.

„Го однесовме таму пред еден месец за да го опсервираат и да му се погоди терапијата, зашто навистина беше агресивен и не можевме да фунцкинираме. Детето е со аутизам. Што да правиме, баравме спас. Го однесовме во Психијатриската болница во Демир Хисар. Таму го држеле врзан. Сега е со рани на телото. Вчера го зедовме дома, не може да стои на нозе. Дали е тоа метод? Има рани на рацете, на нозете. Што да правиме за понатаму? Кому да се обратиме? Од сите инстутуции бараме спас. Никој не слуша. Не е само тој, има многу деца како моето. Вака не се смирува дете, ова е насилство“, вели Абдуловска за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Од Психијатриската болница во Демир Хисар за СКД.мк изјавија дека пациентот е лекуван во таа установа во текот на изминатиот месец.

„Станува збор за лице со нарушување од аутистичен спектар во изразито влошена состојба. Претходно бил одбиен за третман од повеќе установи. Актуелниот прием е реализиран на упорно инсистирање на родителите, иако притоа беа запознаени со условите во установата и дека не станува збор за соодветна институција за негов третман. Лекувањето е согласно медицина базирана на докази и во текот на третманот се бележеа одредени ситуации за кои е неопходно физичко ограничување. Истите се изведуваа согласно протоколите. Тоа се ситуации кои се поврзани со ризично однесување во смисла на автодеструктивност или агресивност кон другите. Родителите во текот на целиот третман беа навремено и редовно известувани за неговата состојба“, велат од Психијатриската болница во Демир Хисар за САКАМДАКАЖАМ.МК.

Одговарајќи на новинарско прашање денеска министерот за здравство Фатмир Меџити рече дека детето со аутизам било лекувано според сите протоколи што ги даваат експертите по психијатрија.

Најнови вести