среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ВИДЕО: Поранешен вработен со багер влетал во фабрика и уништил 50 нови автомобили

ВИДЕО: Поранешен вработен со багер влетал во фабрика и уништил 50 нови автомобили

Неименуван поранешен работник во „Мерцедес“ во погоните во Шпанија одлучил да им се одмазди на поранешниот работодавачи и им направил штета од 5 милиони евра.

Работникот, во раните утрински часови на 31 декември ја пробил вратата на фабриката и на паркингот уништил 50-тина нови автомобили кои чекале испорака.

Обезбедувањето не можело да го запре, па на крај испукало неколку куршуми во воздух. Дури тогаш работникот го запрел багерот со кој ги уништувал возилата, па обезбедувањето го задржало до доаѓање на полицијата. Багерот го украл од дворот на една градежна фирма и го возел 21 километар до фабриката на Мерцедес.

Мажот работел во фабриката во 2016 и 2017 година, а полицијата кривично ќе го гони за кражба и нанесување материјална штета.