Патувањето во Јужна Африка за славниот американски Јутјубер и боксер, Логан Пол, било полно со адреналин, откако го нападнале и ‘ограбиле’ два мајмуни.
Подготвувајќи содржина за своите Јутјуб канали, пред Логан одеднаш се појавиле два мајмуни кои направиле вистински хаос.
Не знаејќи што да прави, Логан само се повлекол наназад, со погледот вперен во торбата во која била неговата камера.
„Не камерата. Што да правам? Тој има камера“, вели Логан додека мајмунот претурал во торбата.
Ниту тој ниту неговите пријатели не можеле да веруваат што ги снашло, но очигледно е дека не им било сеедно дали мајмуните ќе ги нападнат или не.
На видеото кое го споделил на својот Инстаграм, и кое веќе собрало повеќе од еден милион прегледи, Логан се обидува да се доближи до торбата, но мајмунот кој ‘чувал стража’ јасно му дал до знаење дека не планира да му го врати она што го земал.
Сепак, на животното повеќе од камерата му се допаднало црвено шише со енергетски напиток, а откако го зграбило шишето, побегнало. На самиот крај на видеото, Логан успева да ја земе својата торба.