Поморски архролози останале без зборови откако откриле непроценливо богатство кои одамна било изгубено под брановите кај Бахамите.
Шпансата галија полна со злато потонала во 1656 година, а се до сега била сон на многу археолози ширум светот. Амајлии и разен накит украсен со скапоцени камења, златни ланчиња и парички по три ипол века се извадени од дното на морето.
Бродот “Nuestra Señora de las Maravillas” потонал на околу 70 километри далеку од западниот брег на Бахамите, но богатството завршило километри далеку од местото.
Организацијата „Allen Exploration“, во соработка со бахамските и американските археолози и нуркачи, добила дозвола од владата на Бахамите во научни цели да го истражи бродот и се шро ќе пронајде ќе биде изложено во новиот музеј.
Златно филигранско ланче со бројни мотиви е еден од откриените предмети кои укажуваат на тоа дека товарот бил наменет исклучиво за богати аристократи.
Бродот од Хавана тргнал на пат кон Шпанија и пренесувал злато од Америка за аристократи. Покрај тој, имало и непријавени предмети. На 4 јануари 1656 година бродот потонал кога поради грешка во навигацијата влегол во плитка вода и удрил во подводен гребен. Само 45 од 650 луѓе преживеале, а многумина кои завршиле во водата биле изедени од ајкули.