четврток, 23. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

ВИДЕО: Село во Индија ја прослави инаугурацијата на американската потпретседателка Камала Харис

ВИДЕО: Село во Индија ја прослави инаугурацијата на американската потпретседателка Камала Харис

Жителите на малото село Туласендрапурам во Индија, од каде што потекнува дедото на новата потпретседателка на САД, Камала Харис, денеска подготвија огномет и поделија слатки за да ја прослават нејзината инаугурација.

Календари со ликот на американскиот претседател Џо Бајден и Камала Харис им беа подарени на сите жители на ова село, кое се наоѓа на околу 320 километри јужно од индискиот град Ченај. Претставник на властите одржа специјална молитва, а атмосферата во во селото беше во целосна спротивност на мрачното расположение коешто во тој миг владееше во Вашингтон.

Под засилени безбедносни мерки и заканата од коронавирусот во воздухот, Бајден и Харис денеска положија заклетва. Харис, чија мајка е Индијка и чијшто татко е од Јамајка, го посетила Туласендрапурам кога имала пет години и често зборува за нејзините спомени од прошетките со нејзиниот дедо на плажите во Ченај, каде што тој и неговото семејство се преселиле од неговото родно село пред скоро 90 години.

Камала Харис е првата жена и прва личност со индиско-афроамериканско потекло, избрана за потпретседателка на Соединетите Американски Држави.