Во Ханој, главниот град на Виетнам, постои тесна улица, со ресторани и продавници, а необична е по тоа што низ неа минуваат возови.
Доколку некогаш го посетите Ханој, главниот град на Виетнам, морате да ја видите тамошната славна „улица на возови“, која е токму тоа што си го замислувате.
Улицата има сè што би очекувале – продавници, кафулиња, барови, но со масивен воз, кој вози по средината.
Меѓутоа, доколку некогаш јадете таму, бидете подготвени да ве станат од масата, за да не завршите трагично.
Дали би сакале во живо да ја видите оваа атракција?