среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Занимливости

Вирусите и настинките водат до сериозни здравствени проблеми

Вирусите и настинките водат до сериозни здравствени проблеми

Обичната настинка, па и некои респираторни инфекции предизвикани од вируси, може лесно да се „префатат“, а откако ќе се заразите, овие состојби може да бидат причина за многу посериозни болести – ревматска треска, влошување на алергии, ослабување на срцето.

Настинката заедно со ослабен имунитет по правило значи појава на бактерија. Тие се главна причина обичното вирусно воспаление да се искомплицира и да премине во инфекција на увото, хронично воспаление на синусите, долготрајна кашлица и воспаление на белите дробови.

Кардиолозите предупредуваат дека респиратирните инфекции, пред сѐ грипот, неколку пати ја зголемуваат опасноста од ослабување на срцето.

Ако тегобите не се повлечат за три до четири дена и ако дојде до влошување, во смисла на отежнато дишење, болка во градите или омалаксаност, веднаш побарајте помош од лекар, советуваат тие.

Првите знаци што укажуваат дека дошло до значително оштетување на срцето се болка во градите, неправилна работа на срцето, омалаксаност, отекување на нозете… Ако воспалението на срцевиот мускул не се открие навреме и не се лекува на соодветен начин, може да дојде до трајно оштетување на срцето како хрнична срцева инсуфициенција, а може да заврши и фатално, предупредуваат лекарите.

Бактериското воспаление на грлото исто така се смета за сериозна компликација од настинка, бидејќи предизвикува појава на ревматска треска.

Ревматската треска најчесто ги опфаќа залистоците на срцето и се појавува кај околу 3% од пациентите кои не ја лекувале инфекцијата со стрептокока со соодветен антибиотик. Кај овие пациенти може да дојде до сериозно оштетување на залистоците што потоа ќе мора хируршки да се решава.

Инфекцијата на синусите, ако не се дијагностицира и лекува веднаш, може да премине во хронично воспаление на синусите. Честа последица на настинка е и воспалението на уво, особено кај децата.