петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Овие стари народни лекови ќе ви помогнат против сувата кашлица

Овие стари народни лекови ќе ви помогнат против сувата кашлица

Со настинките, кои се неизбежни во овој период од година, честа е појавата на сува и непријатна ксшлица.

Доколку станува збор за обична сува кашлица, може да си помогнете со некои стари народни лекови. Еден од нив е босилокот.

Кралот на зачините, традиционално се користи за воспаление на непцата и усната шуплина, кај настинката, и сувата кашлица. Секојдневно грицкајте по неколку ливчиња при некој од оброците, како превентива.

Или пак сувите листови босилок прелијте ги со врела вода и оставете нека отстои десетина минути. Чајот земајте го редовно во текот на една недела.

Може и лукот да го користите како лек. Изгмечете неколку чешниња лук, исцедете го сокот од него, па додадете го во сок од исцеден лимон.

Оваа течност разредете ја со вода. Земајте од овој напиток до два пати во денот.

Низа истражувања покажаа дека во бадемите има состојка која го подобрува имунолошкиот систем.

Направете смеса од девет смелени бадеми, една лажица мед и малку путер.

Земајте 2-3 пати на ден по една лажичка.