Тринаесетгодишното момче Џеси Хернандес, само чудо успеало да го спаси од канализациска цевка во Лос Анџелес, каде поминал скоро 13 часа, пренесуваат американските медиуми.
Хернандес, додека си играл со другите деца во една напуштена зграда, пропаднал низ дрвена даска на длабочина од осум метри и завршил во токсичен подземен лавиринт на градскиот канализациски систем.
Незгодата се случила во недела после пладне. Децата веднаш ги известиле возрасните кои повикале брза помош, а спасувачите со камери го барале низ канализациските цевки.
-Потрагата која траела 13 часа била трка со времето затоа што шансата за преживување се смалува во тоа токсично опкружување, вели Ерик Скот од противпожарното одделение во Лос Анџелес.
Во текот на потрагата повеќе од 100 пожарникари истражувале 730 метри цевки лавиринт од канализациониот систем со различна длабочина на вода, која се движи 24 километри на час.
Спасувачите, како што се наведува не можеле да влезат во системот поради опасното опкружување поради што користеле камерата.
Како што велат, тие Џеси го барале со „Бетменовски методи“, а го пронашле кога виделе слики од отпечатоци од прсти на една од цевките после што на таа локација ја отвориле шахтата.
Детето било пронајдено на околу еден и пол километар од местото каде што пропаднало, на длабочина од три метри и извлечено било со помош на црева, пренесува АП.