Одењето на море не е само прашање на одмор, туку има и многу други придобивки за нашето тело
Секоја година, многу луѓе го чекаат летото со огромна желба да одат на море, бидејќи тоа е начин да се одморите, да заборавите на секојдневните проблеми, но всушност е и многу повеќе од тоа.
Морската вода има многу придобивки за нашиот организам, благотворно делува на кожата, ја чисти крвта, го обновува нервниот систем.
Погледнете што ни дава морето, а тоа не е само физички одмор.
Има корисен ефект врз протокот на крв
Кога се капете во море, јоните на солта влегуваат во крвта преку кожата, што го стимулира производството на крвни зрнца и го зголемува нивото на хемоглобинот, метален протеин одговорен за пренос на кислород до клетките на телото.
Ги доведува ендокрините жлезди во рамнотежа
Во морската вода има голем процент на сол, која содржи многу лековити макро и микро елементи. Јод, калциум, калиум, магнезиум, сулфур, како и минерали и катализатори кои го забрзуваат метаболизмот и го подобруваат функционирањето на ендокриниот систем.
Го зајакнува нервниот систем
Познато е дека бромот го смирува телото, а магнезиумот го промовира исфрлањето на вишокот вода. Дејството на овие два елементи го намалува ризикот од добивање главоболка. Морската сол позитивно влијае на рецепторите во кожата и останува во слојот на епидермисот три до четири недели по влегувањето во морето.
Ни ја зајакнува психата
Морската вода содржи јод, кој е важен за правилно функционирање на тироидната жлезда и за синтеза на хормони кои го поттикнуваат интелектуалниот развој и ги зајакнуваат менталните способности. Децата кои немаат доволно од овој важен хормон во своето тело можат да заостанат во психофизичкиот развој.
Штити од настинки и вируси
Еден милилитар морска вода содржи илјада честички морска сол. Во текот на еден ден поминат на море, детето вдишува околу 10 милијарди од овие честички, кои имаат лековито дејство на дишните патишта, бронхиите и белите дробови. Морската сол го снабдува организмот со селен, хемиски елемент клучен за функционирањето на тироидната жлезда и за одржување на имунитетот.