петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Скопје

Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење

Водата во Скопје безбедна и квалитетна за пиење

Водата во Скопје e квалитетна и безбедна за пиење, покажуваат примероците за физичко-хемиска и микробиолошка анализа земени од 49 мерни места во Град Скопје, информираат од ЈП Водовод и канализација – Скопје.

Неделниот извештај за квалитетот и безбедноста на водата за пиење, добиен од анализите спроведени во Секторот за санитарна контрола, во кој, земените 197 примероци за физичко-хемиска и 197 примероци за микробиолошка анализа на вода за пиење, од 49 мерни места во Скопје, во периодот од 16 до 20 октомври 2023, покажува дека сите примероци одговараат на Правилникот за барања за безбедност и квалитет на водата за пиење.