сабота, 13. јануари 2024. Вести денес: 0
home Занимливости

За градоначалник си избраа – булдог

За градоначалник си избраа – булдог

Освен изборите за Белата куќа и Конгресот, граѓаните на еден мал град во Кентаки бирале и градоначалник. Ова и не би била некоја вест ако градоначалниците на Ребит Хеш не се секогаш кучиња.

Францускиот булдог Вилбур Бист победил во трката за градоначалник со 13.143 гласа, со што станал и најпопуларниот градоначалник на тој град. Одзивот бил рекорден со 22.985 гласови.

Бист не е прво куче на чело на градот, бидејќи сите градоначалници на Ребит Хеш се кучиња уште од 90-тите години. Граѓаните гласаат така што на ливчето го пишуваат името на кандидатот за кој гласаат, а потоа донираат долар за историско здружување на градот.

Вилбур Бист го победил пит булот Бринет Палтроу, кој бил градоначалник од 2017-та година.