Веројатно не ви паднало на памет дека валканите апарати за домаќинство трошат повеќе енергија, но кога ќе погледнете малку подобро, работата е сосема логична.
Земете го фрижидерот како пример.
Можеби е чист одвнатре, но ќе признаете дека ретко обрнувате внимание на намотките на кондензаторот. Фрижидерот испушта топлина низ нив, а доколку се покриени со маснотии и прашина, на фрижидерот ќе му треба многу повеќе енергија за да ја заврши работата правилно.
Чистењето на намотките на фрижидерот е можеби најтешката работа кога станува збор за чистење на кујната, бидејќи ќе мора да се наведнете. Другите апарати се многу полесни за чистење.
Ставете половина шолја амонијак во рерна загреана на 100 степени Целзиусови, а потоа исклучете ја рерната и оставете го амонијакот да делува преку ноќ. Амонијакот ги раствора мастите, а се што треба да направите е да ја избришете рерната со крпа наутро. Добро проветрете ја кујната, а ако има непријатен мирис на амонијак, сварете половина лимон во рерна.
Микробрановите стануваат сè почест дел од кујнскиот инвентар. Најлесен и најбрз начин да ја исчистите е да зовриете чаша вода во неа со неколку кришки лимон на максимална температура, околу 3 минути.
Пареата ги омекнува масните наслаги, а по тие три минути доволно ќе биде микробрановата печка да ја избришете со чист сунѓер.
Што се однесува до пеглањето, доколку пеглата не работи добро, ќе мора неколку пати да поминете низ гардеробата. За да се подобри нејзината ефикасност, можеби е доволно да се исчисти нејзиното дно. Се што ви треба е вода и сода бикарбона.
После тоа, наполнете ја пеглата со дестилирана вода и оставете ја на пареа.
Тостерот лесно можете да го исчистите со четка за заби.
Ставете лимонска киселина во прав во вашата машина за миење садови.
Киселината ефикасно ќе го разгради бигорот од внатрешноста на машината, што ќе го олесни и побрзо загревањето на водата и миењето садови.