петок, 10. ноември 2023. Вести денес: 0
home Познати

ВНАТРЕШЕН БАЗЕН КОЈ СО ЕДНО КОПЧЕ СТАНУВА НАДВОРЕШЕН – Миле Китиќ не штедеше за вилата, вакви детали во домот немаат ниту Цеца и Брена (ФОТО)

ВНАТРЕШЕН БАЗЕН КОЈ СО ЕДНО КОПЧЕ СТАНУВА НАДВОРЕШЕН – Миле Китиќ не штедеше за вилата, вакви детали во домот немаат ниту Цеца и Брена (ФОТО)

Пејачот Миле Китиќ и неговата сопруга не се плашеа да ги отворат вратите од својот дом уште пред многу години, па од тогаш до денес фотографиите се дел од медиумите.

Огромен тоалет, гардеробер и сала за билјард… ова се само дел од деталите кои се простираат во вилата во Белград.

Како што пишуваат српските медиуми во домот има стаклен ѕид на копче кои се отвора и внатрешниот базен станува надворешен.

Пејачот не жалел пари, па за секој член од семејството има изградено свој кат за максимална приватност.

Неговата сопруга во една прилика открила дека се сама смислила и купила по свој терк и вкус.

„Морам да ви откријам дека сите детали ги смислив самата и поради тоа сум многу горда на себе. Имам еден црн и еден бел дел во куќата, исто така сакам и некој кич детали, бидејќи сфаќам дека тие се олицетворение на богатството, а не како што се тумачи тука кај нас на овие простори“, изјавила таа во една прилика.

Во домот преовладува црниот мермер, керамички предмети донесени од странство, базен, како и уметнички дела од најразлични делови од светот.

Како што медиумите пишуваа во минатото, нивниот дом чини вртоглави 550 илјади евра.

Најнови вести