Албански рибари во своите мрежи во приморскиот град Саранда уловија морска желка од реткиот вид Драгуа, тешка 60 килограми.
По евидентирањето од страна на стручни лица, желката е вратена во морските води.
Неодамна рибари од албанскиот приморски град Орикум, кај Валона уловија желка од загрозениот вид Карета, стара 45 години и тешка 40 килограми.
По евидентирањето, желката беше вратена во водите на Јонското Море.