Жената запознала маж кој преку апликација на социјална мрежа и се претставил како турски актер и извесно време се допишувал со него, открива полицијата.
„Откако мажот ја добил нејзината доверба, побарал од неа да му исплати пари ветувајќи и ја својата љубов. Во периодот од 6 декември минатата година до 25 јануари годинава оштетената на неколку сметки му платила над 10.000 евра, а таа сфатила дека била измамена кога ФБИ наводно ја контактирале од лажна е-маил адреса со барање за понатамошна исплата на средства, а настанот го пријавила во полиција“, пишуваат од полицијата.
„За да се избегнат вакви настани, полициската управа на Истар ги предупредува граѓаните да бидат внимателни при комуникацијата на социјалните мрежи и страниците за запознавање. Измамниците жртвите ги бараат на Интернет и за да остварат незаконска финансиска корист користат различни методи на измама, па дури и изрази љубов“, се додава.
Сторителите на т.н Романтичните измамници преку комуникација изразуваат силни чувства кон жртвата, а откако ќе ја добијат нејзината доверба бараат пари, подароци или податоци за банкарска картичка. Тие, исто така, може да побараат жртвата да и испрати интимни фотографии или видеа. Полицијата ги предупредува граѓаните да бидат внимателни и да не споделуваат со непознати било каков материјал кој би можел да ги компромитира и кој насилникот би можел да го искористи за уцена.