Урнебесен оглас на жена стана хит на интернет.
Проблемот настанал кога на својот сопруг му купила кученце, германски овчар, во обид да го изненади и израдува. Меѓутоа, се покажало дека тој е алергичен на кучето, па таа го направила единствениот логичен избор – го понудила на оглас.
Сигурно помисливте деја ги дава кучето на посвојување, но не сте во право. Таа го нуди сопругот на друга жена.
Во Индија се појави необичен оглас со наслов: „Итно ми треба дом“. Во пораката се наведува дека жената по име Сонали купила германски овчар за околу 350 евра, но потоа решила да се откаже од сопругот бидејќи е алергичен на кучиња. Пријател на Сонали го објави ова како шега.
„Ако некој е заинтересиран, ова е Лео, двомесечен германски овчар. Мојата пријателка Сонали го купи за 20.000 рупии. Сакала да биде подарок изненадување за нејзиниот сопруг. Но, дознала дека Гурав е алергичен на кучиња. Сонали сега бара нов дом за него. Ако некој е заинтересиран, Гурав има 29 години, вози велосипед, знае да готви, има остри црти на лицето и е прилично згоден“, пишува во огласот.
Со огласот е објавена фотографија од кученцето, но не и од несреќниот Гурав.
Needs a home urgently. If anyone’s interested This is Leo – a two months old German shepherd. My friend Sonali bought him for ₹20000/-. She wanted to give a surprise gift to her husband. But she came to know that her husband Gaurav is alergic to dogs. Sonali is now looking for pic.twitter.com/6FJAYkMN5p
— 🅰️mit 🅰️rora 🇮🇳 (@akja0407) February 23, 2023