Фрида Кало била мексиканска сликарка која достигнала светска популарност со својот сликарски талент, но и со автентичниот изглед.
Животот на легендарната уметница бил обележан од тешки и болни падови. На мали нозе заболела од детска парализа, поради што десната нога ѝ била потенка од левата. Во 1925 година доживеала сообраќајна несреќа во судар на автобус и трамвај, по што имала 32 операции и била врзана за кревет 4 месеца. Фаталната љубов кон неверниот сопруг Диего Ривера ѝ донела нова болка, која ескалирала со спонтан абортус.
Фрида Кало поради својата издржливост важела за симбол на сила и трпение.
Како таква, таа може да пример за секоја жена, бидејќи му покажала на светот за што сè е способна една жена, и физички и емоционално. Прочитајте некои од нејзините најубави цитати…
„Ништо не е конечно. Сè се менува, сè се движи, сè полетува и одлетува.“
„На крајот од денот, можеме да издржиме многу повеќе одошто мислиме дека можеме да поднесеме.“
„Што ќе ми се стапала, кога имам крилја со кои летам.“
„Сликав автопортрети, бидејќи толку често сум сама, бидејќи јас сум личноста што најдобро ја познавам.“
„Преживеав две големи несреќи во животот. Една во која трамвајот ме направи таква каква што сум, а другата е Диего. Диего беше далеку полош.“
„Никогаш не ги сликам своите соништа или кошмари. Ја сликам својата реалност.“
„Се надевам дека излезот е радосен и се надевам дека никогаш нема да се вратам.“
„Јас не сум болна. Јас сум скршена, но сè додека можам да сликам, среќна сум што сум жива.“
„Ништо не е повредно од насмевката. Ти дава сила да се смееш и да се напуштиш себеси, да бидеш светлина. Трагедијата е најглупавото нешто.“
„Порано мислев дека сум најчудната личност на светот, но потоа помислив дека од толку луѓе на светот, мора да постои уште некој кој е ист како мено, кој се чувствува бизарно и дефектно на истиот начин како мене. Тогаш си ја замислував таа личност и си мислев дека и таа, таму некаде, исто така ме замислува мене. Се надевам дека ако си таму некаде и сега го читаш ова, знаеш дека сум овде и дека сум чудна, исто како тебе.“
„Сликам цвеќе за да не овене.“