Ситуациите кои ни се случуваат во животот понекогаш се сложени и тешки, но тие се значајни животни лекции кои имаат за цел да ни помогнат да бидеме попаметни и помудри во натамошните години од животот. Иако не секогаш се однесуваме така, сепак важно е да понесеме некои лекции со себе и во следната година.
- Во животот го добиваме тоа што им го даваме на другите.
- Грешките се благослов, бидејќи тие ни помагаат да созрееме.
- Секоја личност која ни помага кога ни е потребна помош е наш ангел во тешки времиња.
- Никогаш не молете некого да ви даде онолку колку што мислите дека давате.
- Тоа што го гледаме со очите не е секогаш вистината.
- Можеме да ја игнорираме интуицијата, но таа секогаш е во право.
- И кошмарите и соништата се остваруваат, ако дозволиме да бидеме победени од стравот.
- Времето и просторот ни ги даваат сите одговори кои ги бараме.
- Задржувањето на луѓето кои нѐ повредуваат е често поболно од ослободувањето од нив.
- Различни луѓе предизвикуваат различни реакции кај нас. Чувајте ги оние кои успеваат да го извадат позитивното од вас.
- Животот не е црно-бел. Сѐ има своја нијанса.
- Тоа што не сакаме да го слушнеме е најчесто тоа што треба да го слушнеме.
- Претпоставките се многу поболни од директното прашање.
- Стануваме она што го мразиме. Стануваме како мислите кои ги имаме. Стануваме како луѓето со кои се дружиме.
- Понекогаш долгото размислување не ни помага многу. Понекогаш, интуцијата и срцето се тие кои ја носат конечната одлука.
- Moжеме да имаме 45 години и сепак да научиме нешто од 7-годишно дете. Треба само да имаме отворен ум.
- Универзумот секогаш се обидува да ни испрати порака.