Повеќе од 40 проценти од работите кои ги правиме произлегуваат од нашите навики. За жал, голем дел од нашите навики се нездрави и лоши за нас. Но, навиките се менливи. Иако е потребно одредено време за да се сменат и воспостават, сепак тоа не е невозможно.
Ова се 19 здрави навики кои ќе ви ја направат 2019 година поубава.
Јадете домашно приготвени јадења – јадењето преработена и мрсна храна е една од најлошите навики во однос на нашата исхрана, но и здравје. Затоа, подгответе ги оброците дома или побарајте помош од вашата мајка.
Пијте смути секој ден – ова е навика која ќе ви помогне да конзумирате повеќе овошје и зеленчук. Направете здраво смути за почеток на денот или по вежбањето.
Носете вода со себе каде и да одите – водата е најважен дел од хидратацијата и таа му помага на нашето тело да се ослободите од токсините кои се таложат. Користете поголемо шише и имајте го секогаш до себе.
Не заборавајте на целозрнестата храна и протеините – заборавете на белиот леб и јадете црн леб со цели зрна.
Конзумирајте јаткасти плодови – тие помагаат во одржување на бистар ум и се многу корисен додаток во исхраната.
Пијте чај – многу истражувања ги потврдуваат здравствените бенефити од чаевите. Пијте 1-2 шолји во текот на денот. Нека биде тоа чај по ваш избор, некој кој највеќе ви одговара.
Вежбајте – не мора да се оптеретувате премногу ако немате многу време. Најдете барем 20 минути во денот за да се истегнете.
Планирајте што ќе јадете секој ден – оваа навика ќе ви помогне да престанете да јадете на брзање и подобро да ги планирате своите оброци.
Одберете физичка активност која ви одговара – најдете нешто што не ве тера да го мразите одењето на вежбање, туку напротив нешто што навистина ќе ви помогне едвај да почнете со вежбање.
Не јадете кога сте нервозни – јадењето брза и слатка храна кога сме нервозни и под стрес е една од најлошите навики кои ги развиваме во брзите и стресни денови. Обидете се да се раздвижите или да правите нешто друго што ќе ве одалечи од проблемите.
Смејте се почесто – понекогаш доаѓаат и лоши денови, но самосожалувањето и постојаната грижа за проблемите кои ни се случуваат или кои можат да се случат нема да ве однесе никаде. Наместо тоа, развијте позитивен став и смејте се почесто.
Истегнувајте се – најдете неколку минути во текот на денот за да се растегнете. Тоа ќе ги намали болките во кичмата и грбот кои се предизвикани од долгото седење.
Вежбајте во друштво – вежбањето во друштво е забавно и помага да останете на целта и да останете мотивирани. Договорете се со некој од пријателите наместо на пијачка, да одите на вежбање.
Направете мала пауза на секој час – тргнете се од компјутерот, раздвижете се и растегнете се. Тоа ќе ви помогне да се релаксирате и физички и умствено. Умот и телото ќе ви бидат благодарни.
Одете пешки или со велосипед на работа, барем еднаш неделно – потрудете се раздвижувањето да почне наутро, пред да одите на работа. Тоа ќе ви го подобри и расположението и ќе ве расони наутро.
Паркирајте се подалеку – не мора да се паркирате веднаш до зградата каде работите. Така, ќе се раздвижите малку пред и после работа.
Чистете дома сами – иако брзиот живот често прави, чистењето да го оставиме на други кои ќе го направат тоа подобро од нас, сепак тоа е убаво раздвижување за време на викенд. Околу 225 калории можат да бидат согорени за еден час чистење во домот.
Пола вечера нека ви биде со зеленчук – ова е совет од нутриционистите. Наместо да јадете мрсна и брза храна, внесете зеленчук во вечерата.
Почитувајте ги горенаведените навики!