четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

30 книги кои треба да ги прочитате пред 30-тиот роденден

30 книги кои треба да ги прочитате пред 30-тиот роденден

Интернетот е огромна платформа на која минуваме голем дел од нашето слободно време. Сепак, често забораваме на моќта на книгите кои ни седат на полиците или кои се нудат во библиотеките и книжарниците.

Иако постојат различни вкусови во однос на читањето, ова се 30 книги кои треба да ги прочитаме пред да наполниме 30 години.

  1. Сидарта од Херман Хесе – моќна приказна за животните искуства и тоа како се поврзуваат со реалноста и ни овозможуваат просветлување и пронаоѓање на самите себеси.
  2. 1984 од Џорџ Орвел – оваа приказна која е напишана во 1949 г. носи големо значење за политичката моќ на многу влади. На почетокот била забранувана бидејќи раскажува приказна за влада која користи тактики за следење и манипулација на нејзините граѓани.
  3. Да ја убиеш птицата која пее од Харпер Ли – оваа приказна ја опфаќа темата на расните и економските класи во 30тите години, преку судскиот случај на еден црнец кој е обвинет за силување на млада бела девојка. Книгата испраќа моќна порака за борбата за правдата, но и против предрасудите.
  4. Пеколниот портокал од Антони Бургес – интернесна и многу специфична приказна за културата меѓу младите, со што се пренесува приказната на еден адолесцент. Оваа приказна ќе ве остави без здив, но и ќе ве вознемири и потресе истовремено.
  5. За кого бијат камбаните од Ернест Хемингвеј – оваа книга раскажува за смртта, идеологиите и неверојатната бруталност на војната.
  6. Војна и мир од Лав Толстој – оваа приказна е едно од најмоќните дела на Толстој. Приказната се случува во руското општество за време на Наполеонската ера и ги раскажува животите на Андреј, Пјер и Наташа и како нивните судбини се испреплетуваат.
  7. Правата на човекот од Том Пеин – напишана за време на Француската револиција, оваа книга е една од првите кои го воведуваат концептот на човекови рава од точка на демократијата.
  8. Социјален договор од Жан Жак Русо – една од најдобрите мисли од оваа книга вели „човекот е роден слободен, но насекаде тој е во синџири“ .Ова е книга која зборува за важноста на индивидуалните човекови права во општеството.
  9. 100 години самотија од Габриел Гарсија Маркез – ваа новела користи различни начини на раскажување за да ја пренесе пораката за огромното значење на паметењето на културната историја.
  10. Потекло на видовите од Чарлс Дарвин – неколку книги имаат огромно значење на нашето општество и живеење, а оваа е една од нив. Таа зборува а природниот свет и генезата на човековиот вид.
  11. Мудроста на пустината од Томас Мертон – ова дело претставува збир на мисли, медитации и рефлексии кои покажуваат како да се живее едноставно и чисто.
  12. Точка на вриење од Малколм Гладвел – во оваа книга, авторот зборува за тоа како мала идеја, концепт на производ може да се прошири како вирус и да предизвика глобални социолошки промени.
  13. Ветрот во Вилоус од Кенет Грахам – ова е една од најдобрите книги за деца која е некогаш напишана, кратка новела која ни помага да го сфатиме значењето на малите задоволства во животот. Таа е моќна поради одличната комбинација на мистицизам, авантура и морал.
  14. Уметноста на војувањето од Сун Цу – ова е една од најстарите книги за воените стратегии во светот. Таа се користи и во бизнисот и генералното живеење и меѓучовечките односи од страна на многу луѓе во светот.
  15. Господарот на прстените од Џ.Р.Р. Толкин – една од најдобрите книги на светот од 20-тиот век. Штом ја земете оваа книга, нема да сакате да ја пуштите лесно, особено доколку сте фан на фантазијата и хобитите.
  16. Дејвид Коперфилд од  Чарлс Дикенс – ова е приказна која ја опфаќа темата за одржување на дисциплинирано срце и е поврзана со емоционалниот и моралниот живот на една личност.
  17. Четири квартети од Т. С Елиот – ова е веројатно една од најдобрите поетски прози кои се напишани во историјата. Книгата е напишана за време на Втората светска војна и е една од книгите кои нема да ги оставите така лесно.
  18. Квака 22 од Џозеф Хелер – оваа книга носи интересен наслов а и во себе содржи многу зборови кои се измислени од овој писател. Пораката на книгата е јасна: тоа што за многумина се смета за добро, можеби е лошо, а тоа што изгледа разумно, можеби нема никаква смисла.
  19. Големиот Гетсби од Скот Фицџералд – поставена во времето на џезот во дваесетите години од изминатиот век, оваа книга раскажува моќна приказна за американскиот сон. Поконкретно, писателот учи дека неколку добри пријатели се подобри од милион познаници.
  20. Ловецот во р’жта од Џ.Д. Селинџер – оваа новела ги прикажува угорниците и удолнините од бунтовништвото и бесот на една млада личност. Таа служи и како потсетник на непредвидливиот тинејџерски ум.
  21. Злосторство и казна од Фјодор Достоевски – многу моќна новела за млад човек кој се бори со сиромаштија. Книгата ја опфаќа приказната за едно негово криминално дело и психолошкото влијание кое таквото дело го има на него и неговите најблиски.
  22. Владетелот од Николо Макијавели – оваа книга е одлична поради своите описи за моќта и лидеството. Од политички и корпоративен аспект таа зборува за влијанието и авторитет над другите луѓе.
  23. Валден од Хенри Дејвид Торо – авторот на оваа книга поминал два месеци и два дена пишувајќи ја книгата во колиба во Конкорд, Масачусетс.
  24. Републиката од Платон – одлична книга која ја пренесува филозофијата на Платон за тоа како да се живее животот, да се следи правдата и за владеењето на лидерите. Таа дополнително му пренесува основно знаење на читателот за теоријата на западната политика.
  25. Лолита од Владимир Набоков – ова е една од најконтроверзните книги кои се напишани во историјата. Таа раскажува за конфликтните чувства на животот и љубовта и го тера читателот да се запраша за своите перцепции и ставови на овие теми.
  26. Завршете ги работите од Дејвид Ален – супер водич за организирање на нештата и завршување на обврските.
  27. Како да стекнете пријатели и да им влијаете на луѓето од Дејл Карнеги – ова е една од книгите за подобрување на живеењето. Тоа е водич за освојување на луѓето и подобрување на личните и професионални односи меѓу луѓето.
  28. Господарот на мувите од Вилијам Голдинг – моќна приказна за една средина каде не постои правото и каде владее анархијата, а луѓето се водени од животински инстинкти. Дефинитивно вреди да се прочита.
  29. Плодовите на гневот од Џон Стејнбек – ова е приказна за преживувањето во дисфункционалните семејства кои постојано бараат работа меѓу луѓето кои се депресивни и тажни.
  30. Мајсторот и Маргарита од Михаил Булгаков – ова антикомунистичко дело е новела за борбата меѓу доброто и злото. Зборува за корупцијата, злото и алчноста и човековата природа.