Еве што треба да направите пред да почне пролетта за да го извлечете максимумот од неа
Пролетта 2022 година ветува дека ќе биде многу поволна од астролошки и енергетски аспект. За да го искористите максимумот од сиот нејзин потенцијал, треба навреме да се подготвите. Еве 5 работи што треба да ги направите пред да започне пролетта:
Исчистете ги мислите
Пролетта е време на ослободување и трансформација. Првото нешто што треба да го направите пред почетокот на пролетта е да ги исчистите негативните мисли и грижи, и сето она што ве спречува да продолжите напред. Духовното чистење е пред сè – запомнете го ова.
Избалансирајте ја исхраната
Како што наближува пролетта, почнете полека да ги менувате вашите навики во исхраната, јадејќи што е можно помалку тешка, масна и брза храна. Додадете повеќе зеленчук и овошје, помалку термички обработена храна и зголемете го внесот на вода. Направете тестови на крвта и проверете кај вашиот лекар дали ви треба суплементација. Ова ќе влијае на вашата интелектуална и физичка продуктивност и ќе ви помогне поефикасно да се борите против вирусот.
Освежете го вашиот изглед
Пролетта е време кога природата цвета. Не само што таа цвета, туку и ние. Многу е корисно да промените нешто на себе пред почетокот на пролетта. Промената не мора да биде драстична, доволна е само нова фризура, неколку нови додатоци или парчиња облека. Дефинитивно ќе ви го подигне расположението, повеќе ќе си се допаѓате себеси, ќе имате поголема самодоверба.
Почнете да спортувате
Ако веќе не сте, натерајте се, барем сега, кога денот е подолг, а температурите поблаги, да излезете од дома и да бидете физички активни. Без разлика дали се работи за брзо пешачење, одење во теретана или некоја групна програма како пилатес, аеробик и слично, тоа ќе му годи на вашето тело. Важно е и за здравјето, за подобро расположение, па дури потоа доаѓа физичкиот изглед. Не излегувајте подалеку од вашите граници, движете се умерено и бидете трпеливи.
Средете го домот
Чистете соба по соба. Сигурно во текот на зимата се наталожила многу прашина, но и непотребни работи кои непотребно сте ги насобрале. Исто така, проверете ги плакарите, облеката и работите што повеќе не ги носите или кои не сте ги носеле долго време. Ослободете се од вишокот предмети, расипани електрични апарати, стари весници, сметки, истрошени садови… Ослободете простор за нова енергија!