На освежителната краставица е многу тешко да се одолее. Но, овој популарен „зеленчук“ (кој всушност е овошје!) на нашите чинии нуди многу повеќе од свежиот, благ вкус и текстура што ги додава на нашите салати – оваа зелена закуска е исто така полна со здрави хранливи материи.
Како глобален кулинарски производ, краставицата (лат. Cucumis sativus) е на човечката трпеза повеќе од 3.000 години. Тие потекнуваат од Индија, а нивната популарност набрзо порасна, прво низ азискиот континент, а потоа и низ целиот свет.
Краставиците припаѓаат на фамилијата Cucurbitaceae заедно со тиквите, лубениците и тиквичките – така што тие технички се плод и има повеќе од 100 сорти на располагање. Доволно за никогаш да не се умориме од уживање во нивниот вкус и здравствени придобивки.
Според Real Simple, ова се некои од најважните причини зошто да продолжите да грицкате краставици.
Супер хидратантна
Краставиците имаат многу висока содржина на вода, што му помага на телото да остане хидрирано.
– Се состои од најмалку 95 проценти вода, што ја прави една од најхидрантните намирници што можете да ги јадете – истакнува нутриционистот Дејна Мелинк. Имајќи предвид дека и нашите тела се составени претежно од вода, хидратацијата е клучна за одржување на доброто функционирање на сите системи на органи, особено на нашите бубрези. Тоа, исто така, ни помага да одржуваме здрав крвен притисок и да ги одржуваме нашите системи за детоксикација да функционираат.
Богата со витамин К
Со секоја порција краставици, ќе се приближите до вкупната дневна потреба од витамин К, кој го поддржува здравото згрутчување на крвта низ телото. Исто така е важен за здрав развој на коските како витален претходник на протеинот остеокалцин, кој е потребен за формирање на коскеното ткиво.
Антивоспалително дејство
– Краставиците се полни и со антиоксиданси – вели Мелинк: – Како и многу други растителни намирници, тие се полни со растителни соединенија, како полифеноли, особено лигнани и кукурбитацини.
Овие хербални соединенија се борат со воспаление низ телото, како и со слободните радикали, кои можат да бидат причина за хронични болести како што се срцеви заболувања или рак. Една статија објавена во International Journal of Health Sciences покажа дека кукурбитацинот е ефикасен не само во убивањето на клетките на ракот, туку и во спречувањето на нивното ширење низ телото.
Тие го поддржуваат здравото варење
Содржината на вода во комбинација со содржината на влакна ја прави краставицата здрава храна која го поддржува варењето. Особено е богата со растворливи влакна, кои промовираат регуларност на столицата и здрав метаболизам, а во исто време работат на намалување на нивото на холестерол.
Водата е од витално значење за правилно варење бидејќи му помага на телото да ги разгради и апсорбира хранливите материи. Исто така, помага да се спречи запек и надуеност.
Содржи витамин Ц и калиум
Краставиците содржат скромни, но сепак значителни количини и на витамин Ц и на калиум. Витаминот Ц, исто така антиоксиданс, помага во зајакнување на имунолошкиот систем. Калиумот помага да се зајакне хидратантната моќ на краставиците, бидејќи овој минерал е електролит кој го одржува балансот на течности низ телото.
Тие можат да помогнат во регулирањето на шеќерот во крвта
Краставиците можат да помогнат во регулирањето на шеќерот во крвта и да го спречат или одржуваат дијабетесот. Еден преглед објавен во списанието за комплементарна и интегративна медицина покажа дека консумирањето краставици е поврзано со подобра контрола на шеќерот во крвта, што има антидијабетични ефекти.
Исто така, треба да се забележи дека една студија на животни покажа дека краставиците штитат од воспалителните несакани ефекти на дијабетесот, намалувајќи го оксидативниот стрес низ телото.