петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

6 причини зошто имате бавен метаболизам! Не сте ни свесни дека несвесно го саботирате слабеењето

6 причини зошто имате бавен метаболизам! Не сте ни свесни дека несвесно го саботирате слабеењето

Сите, а особено жените, мораат да обрнат внимание на внесот на калциум. Го има во сирењето, јогуртот, брокулите, кељот, спанаќот, смоквите…

Ако губењето на вишокот килограми ви оди тешко, тоа е јасен знак дека треба да поработите на брзината на вашиот метаболизам.

Ова се неколку причини зошто вашиот метаболизам не функционира како што треба и не можете да ослабнете, колку и да се трудите:

Нагло намалување на внесот на калории

Одлучивте да држите диета со што помалку калории, но постигнавте спротивен ефект. Поради недостатокот на калории на кои бил навикнат, телото почнува да ја користи мускулната маса за енергија. Решението е редовни оброци на секои четири часа.

Намален внес на белковини

Белковините се клучни за правилната работа на метаболизмот. Ако ги внесувате во мали количини, а притоа водите исцрпувачки начин на живот, ризикувате да атрофираат мускулните влакна, но и сите органи да функционираат нарушено.

Недостиг на калциум

Сите, а особено жените, мораат да обрнат внимание на внесот на калциум. Го има во сирењето, јогуртот, брокулите, кељот, спанаќот, смоквите…

Намалување на движењето

Континуирано седење најмалку четири часа влијае врз лачењето на ензими кои го контролираат метаболизмот на масти и холестерол. Ако вашата работа бара долго седење од вас, правете паузи на секои два часа, дури и ако тоа значи да стоите на нозе најмалку пет минути.

Недостаток на витамин Д

Витаминот Д има директна улога во размената на хранливите материи, затоа треба да внимавате да не се доведете до состојба на негов недостаток.

Пиење алкохол

Кога алкохолот е во вашето тело, организмот најпрво ги користи неговите калории, што значи дека другите остануваат неискористени. Не пијте алкохол ако сакате да изгубите некој килограм.