Заборавете на старата поговорка, дека тинејџерските години се најсреќните во животот. Едно истражување покажа дека луѓето се најзадоволни од својот живот на 33-годишна возраст.
70% од луѓето над 40 години се изјасниле дека 33-та година од животот им била и најсреќната.
Над половина од анкетираните изјавиле дека животот им е позабавен, а 42% рекле дека имаат поголем оптимизам за иднина. Една третина од анкетираните изјавиле дека нивната среќа се должи најмногу на децата, а една петтина – од успехот во работата.
38% од нив споделиле дека животот на тие години им бил многу порелаксиран и без стрес . Само 6% изјавиле дека биле најсреќни по време на студиите, а 16% во детството.