вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Живот и стил

Ако се препознаете во ОВИЕ реченици, вие сте ЖРТВА на психичко насилство и мора да побарате помош!

Ако се препознаете во ОВИЕ реченици, вие сте ЖРТВА на психичко насилство и мора да побарате помош!

Насилникот може да биде било која личност, на било која возраст или пол, а стратегиите се разликуваат зависно од околностите.

Токму заради тешкото препознавање, во продолжение направивме листа од алармантни сигнали во кои ако се препознаете, треба веднаш да реагирате, бидејќи нешто не е во ред во врската или бракот и ви е потребна помош.

Се соочувате со психолошко насилство, ако:

  • Чувствувате дека има потреба да скриете нешто, за партнерот да не дознае.
  • Чувствувате анксиозност, депресија, но не можете да ја најдете причината.
  • Се сметате за грди ако изгледате поинаку од она што партнерот го сака од вас.
  • Мислите дека не сте способни да се справите со било каква ситуација без партнерот.
  • Во врската одите во екстреми – или сè е лошо или сè е во ред.
  • Изгледа како проблемите да никнуваат од никаде, без посебно значење, но дури и тогаш се чувствувате виновно.
  • Се плашите да споделите тајни искуства, бидејќи знаете дека партнерот ќе ги открие.
  • Правите работи само за да добиете одобрување од партнерот.
  • Ги менувате сопствените желби и потреби, за доброто на партнерот.
  • Помалку комуницирате со пријателите и семејството.
  • Мислите дека сте виновни и дека треба да бидете казнети за тоа.

Се соочувате со психолошко насилство, ако вашиот партнер:

  • Користи фрази со кои ве омаловажува и навредува („Нема да разбереш“).
  • Ги деградира вашите достигнувања, велејќи дека сите можат да го направат тоа.
  • Ги критикува вашите желби и соништа и манипулативно ви ги намалува потребите за да се чувствувате неважно.
  • Ви кажува дека луѓето околу вас мислат лошо за вас и ви кажуваат лоши работи зад грб.
  • Губи трпение кога не ги следите неговите инструкции (правење кафе, ручек и сл.).
  • Може да помине часови и денови без да разговара со вас.
  • Ги менаџира финансиските средства на семејството сам и одлучува за вас што треба да купите, а што не смее.
  • Контролира како се облекувате, каде и со кого одите.
  • Прави шеги на ваша сметка што предизвикуват лошо чувство кај вас.
  • По вашето излегување, ви држи предавање за вашето лошо однесување и грешките.
  • Ви дава ултиматуми: „ Ако не го направиш ова, тогаш јас…“
  • Создава услови за љубовта кон вас: „Те сакам, ама…“
  • Ако кажете дека сте се почувствувале навредено, се лути и манипулира со вас правејќи се жртва пред вас.
  • Ве обвинува за неговите неуспеси, независно дали се мали или големи („Заборавив чадор зошто ти не ме потсети!“)
  • Ве обвинува вас за работи кои не сте ги направиле.
  • Ве навредува кога сте сами, а во јавност глуми дека е совршен партнер.
  • Ги преувеличува вашите недостатоци и ги носи на највисоко ниво, дури и ако нешто се случи само двапати.

Што да правите во ваква ситуација?

Некои насилници од овој тип на почетокот изгледаат како нормални, грижливи луѓе, а потоа го покажуваат вистинското лице.

Затоа, ако се најдете во таква ситуација, прво ослободете се од вината и одговорноста која ја чувствувате за сите проблеми. Верувајте си на инстинктот и побарајте помош од пријателите и семејството или од професионалци.

Не обрнувајте внимание на заканите на партнерот и покажете сила, бидејќи тој манипулира со вас кога вашата вредност е ниска и паѓате под негово влијание.

Најважно од сè – не верувајте на зборовите дека ќе се промени, бидејќи тоа е круг од кој нема излез. Побарајте помош!